КАМ доо е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градски Трговски Центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев.




КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 74 КАМ маркети, сместени во 20 градови низ Република Македонија. Компанијата брои 1100 вработени.




Како еден од водачите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени. КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.




Фокусот го ставаме врз сопствените марки и врз докажаните трговски марки. Се разбира, кај нас секогаш ќе најдете свежо овошје и зеленчук со највисок квалитет, како и разновидност од свежи печива. Овој концепт ни обезбеди успешен и брз развој во изминатите 22 години во нашата мрежа од продавници низ Македонија.




Со оглед на ново настанатата ситуација и кризата која што се наоѓа целиот свет, за жал не ја заобиколи ни нашата земја.




КАМ Маркети Македонија им дава на сите свои потрошувачи кои ќе направат сетка од 800 денари гратис масло еден литар.




Затоа побрзајте додека има количини!

