Утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, а попладне се очекува облачно со врнежи од дожд и снег во ридско-планинските предели, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

РЗМЗ издаде предупредување поради врнежи од снег.

– Во вторник, среда и четврток ќе биде постудено, на места со снег со создавање/зголемување на висината на снежната покривка. Се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 15 сантиметри, а во ридско-планинските нови 15 до 25 сантиметри локално и повеќе. На север се очекуваат мешани врнежи од дожд, лапавица и снег – предупредуваат од РХМЗ.

Утре ќе дува слаб и умерен јужен и југоисточен ветер, пред пладне само умерен и засилен западен ветер на исток.

Минимална температура од минус четири на југ до еден на север, највисока дневна од седум до 13. Повеќе снег се очекува на западот од земјава каде ќе се формира снежна покривка.

Повеќе снег се очекува на западот од земјава, каде ќе се формира снежна покривка, од 5 до 10 см во долниот дел, во ридско-планинските предели и повисоки.

Во Скопје претпладне претежно сончево и релативно топло, попладне постепено облачно, навечер дожд.