На автомобил со украински регистарски таблички паркиран во Скопје се појави интересна порака.




„Слава на Украина“, напиша некој на паркираниот автомобил, додавајќи и цртеж на срце. Под регистарските таблички стоел вкрстен натпис Русија.




Луѓето ширум светот и испраќаат поддршка на Украина на различни начини. Во полскиот град Познан, на пример, се појави графит на кој е претставен Путин како Волдеморт, негативецот од серијата Хари Потер .




Повеќе од 400.000 бегалци
Досега над 400.000 бегалци од Украина ја минале границата. Многумина од оние што бегаа се најдоа во долги редици на влезовите во Полска, Унгарија, Словачка и Романија, членки на Европската унија кои граничат со Украина.




„За жал, треба да се подготвиме за доаѓањето на милиони луѓе“, рече еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција во словачкиот главен град Братислава. „Истовремено, имаме огромни и итни хуманитарни потреби во Украина, многу луѓе кои се внатрешно раселени.




Таа рече дека се надева оти Европскиот совет во четврток ќе ја активира директивата за привремена заштита на оние што бегаат, велејќи дека тоа ќе биде првпат директивата да се користи во ЕУ. Унијата, исто така, размислува да распореди повеќе луѓе од агенциите на ЕУ, како што е Фронтекс, за да им помогне на најпогодените земји, рече таа.

