Љубовта е главниот двигател на сите нас, а една од најважните работи во животот е да најдеме партнер кој не само што ќе не сака, туку и ќе нè разбере и почитува. Многу луѓе се прашуваат која е тајната на среќниот и долготраен брак, но всушност клучот лежи во само едно прашање, смета познатиот руски психолог Павел Зигмантович, пишува Stil.kurir.rs.
И гласи:
Како можам да му помогнам на мојот партнер?
„Секогаш кога ќе го погледнете вашиот сопружник, поставете си го ова прашање. Од време на време, поставувајте го прашањето гласно за да може партнерот да го слушне и да ви го даде одговорот.
Помогнете му колку што можете повеќе. Ако не, дајте му се вашето разбирање. Побарајте детали, помогнете му да му ја олесните душата. Ова е причината зошто ова прашање толку добро влијае на секоја врска“, вели познатиот руски психолог Павел Зигмантович.
Во бракот исклучително е важно во куќата да има мирна и убава атмосфера. Ако зборувате искрено, се слушате и си помагате, бракот не може да биде лош. Грижливиот сопруг/сопруга што знае да слуша се препознава како сроден дух и партнер за цел живот и затоа во такви бракови не може да има изневерување.
