Путин последен пат се појави во јавноста на голем провоен митинг на 18 март на стадионот Лужники во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин по втор пат се појави во јавноста од почетокот на руската инвазија на Украина.

Путин се појави на погребот на неодамна починатиот руски ултранационалистички политичар Владимир Жириновски, пренесе АП.

На видеото кое беше емитувано на руската телевизија се гледа како Путин става цвеќе на ковчегот на Жириновски, по што тој се прекрсти.

Жириновски почина во средата на 76-годишна возраст од компликации на инфекција со коронавирус.

Во принцип, тој беше политички противник на Путин, но во реалноста добро му служеше на Кремљ во одржувањето на привидот на демократијата во Русија.

Тоа беше само второ појавување на Путин во јавноста во последните неколку месеци.

Последен пат се појави во јавноста на големиот провоен митинг одржан на 18 март на стадионот Лужники во Москва.