Сијамските близнаци кои живеат во градот Амритсар изјавиле дека ова е нивната работа од соништата.

Деветнаесетгодишните сијамски близнаци, кои биле напуштени од нивните семејства кога биле бебиња во Пенџаб, Индија, ја добиле својата прва работа, јавува Anadolu Agency (AA).

Државната компанија за електрична енергија Пенџаб (PSPCL) им понудила работа на близнаците, пишува Independent.

Близначките Сона и Мона Синг ќе земаат плата посебно.

Сијамските близнаци кои живеат во градот Амритсар изјавиле дека ова е нивната работа од соништата.

Благодарни сме на Владата што ги препозна нашите можности“, велат близнаците кои ќе се грижат за електричните уреди.

Тие им се заблагодарија на сите што им помогнаа да се образуваат и да се вработат. Рекоа дека ќе работат чесно и посветено.

За близнаците, кои се родени во Њу Делхи во 2003 година, лекарите рекоа дека имаат две срца, две раце, бубрези и ‘рбетниот мозок, но имаат заеднички црн дроб, жолчен меур, слезина и пар нозе.

Лекарите одбиле да ги разделат, велејќи дека постапката е премногу ризична и може да доведе до смрт на едно од близнаците.