Утринската температура ќе се движи од минус еден на исток до 10 степени на север, а највисоката дневна од осум до 11 Целзиусови степени.

Во Македонија денеска е облачно со врнежи од дожд и пад на температурата со умерен, повремено засилен северозападен ветер кој претпладне ќе ги зафати северните предели, а остатокот претпладне и во средината на денот, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод. .

Се очекуваат локални врнежи од дожд.

Во попладневните часови врнежите од дожд на север од земјава се очекува да престанат и постепено да се разведруваат, додека во ридско-планинските предели врнежите од дожд се очекува да преминат во снег, најпрво во западните и југозападните делови, а кон крајот на дење и ноќе во некои делови од централна и јужна Македонија.

Утринските температури ќе се движат од минус еден на исток до 10 степени на север, а највисоките дневни од осум до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Локално се очекуваат врнежи од дожд. Попладне ќе има прекин на врнежите, навечер постепено разведрување. Утринската температура околу 10 Целзиусови степени, попладне паѓа до пет степени.

Според временската прогноза за следните седум дена, до понеделник, 14 февруари, во вторник ќе биде умерено и целосно облачно, студено и ветровито, на север пред пладне со сончеви периоди, а на југозапад, југ и југоисток со слаб. снег.