Чувствувам неспокој дека нема да стигнеме до граница. Ова е исповедот на Македонката Мери Амбросова која веќе неколку години со сопругот Украинец живее во Украина.




Таа утрово, по руската инвазија тргнала да ја напушти земјата со својата ќерка. Во видео сведоштво на Инстаграм ја опишува моменталната состојба.




-Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 часа и знаете дека затворени се границите. Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе и дадат исто така дозвола да премине. Сопругот оставува тука. Добри сме. Тука сите се растревожени.




Амбросова не верувала дека ќе дојде до војна и покрај предупредувањата. Раскажува дека Киев утринава бил блокиран и дека едвај излегле на автопат.




-Единствено нешто што може да земете со вас е духовното, материјално можете да земете, дел од сето она што сте го направиле може да го земете со вас. Бог знае ова како ќе заврши, идат огромни промени. Чувствувам неспокој дека нема да стигнеме до граница. Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имаме уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знаеме дали ќе успееме да поминеме или не.
На крајот од своето видео таа се заблагодарува на сите кои и дале помош побрзо да ја напушти Украина.
