Многумина почнаа да размислуваат каде би можеле да избегаат во случај на најлошото…

Откако Русија ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност, светот не престана да се плаши од нуклеарна војна. Министерот Сергеј Лавров испрати и предупредување дека Третата светска војна ќе биде „нуклеарна и деструктивна“.

Иако ставањето нуклеарни сили во состојба на готовност не значи дека ќе ги користат, многумина почнаа да размислуваат каде би можеле да побегнат во најлошото сценарио.

На интернет се појави мапа која покажува дека јужната хемисфера би била најбезбедното место на земјата.

Според Федерацијата на американски научници, Русија и САД поседуваат повеќе од 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Се разбира, точноста на оваа карта зависи од тоа дали бомбите ќе бидат фрлени врз земја која веќе има нуклеарно оружје.

Постојат голем број други фактори кои треба да се земат предвид, пишува Indy100. Глобалните температури ќе се намалат, а озонот ќе се осиромашува во текот на следните години. Помалку култури би растеле, сушите би биле почести, а ракот на кожата и изгорениците би биле почести поради осиромашување на озонската обвивка.

Затоа, идеално место би било некој без премногу сонце, во Африка или Јужна Америка, со изобилни ресурси на храна.