Дали ја видовте таа сцена?

Популарниот македонски пејач Тоше Проески во 2005 година се приклучи на актерската екипа на RTL сапуницата „Забранета љубов“ и така еден ден заплива во актерските води.

Пејачот ја доби улогата на 25-годишниот студент Бошко Цутиќ, кој живее на сметка на богатите родители, а во серијата ќе се обиде да ја заведе келнерката Ива, која ја игра Марија Кобиќ.

– Не ми е прв пат да глумам, бидејќи пред неколку години глумев како член на црковниот хор во филмот „Миротворецот“ со Џорџ Клуни. Глумата ме привлекува и одлично се вклопив во целата екипа на ‘Забранета љубов’, но мојата вистинска љубов е музиката со која интензивно се занимавам – изјави покојниот Тоше, кој го обожаваше цела Југославија.

Погледнете ја сцената во продолжение:

Да потсетиме, познатиот пејач Тоше Проески почина на 16.10.2007 година. во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Кога почина имаше само 26 години, а зад себе остави хитови и безброј дела по кои ќе го паметиме.