Во погодената област беа испратени повеќе од 1.950 пожарникари и војници, поддржани од 51 хеликоптер и 273 возила.

Јужнокорејските власти денеска испратија речиси 2.000 пожарникари и војници да се борат со шумскиот пожар што го зафати крајбрежната област и претставува привремена закана за нуклеарна централа и централа за природен течен природен гас.

Пожарот започна вчераутро во планинската област на крајбрежниот град Уљин и се прошири на повеќе од 3.000 хектари, до соседниот град Самчеок. Досега се уништени најмалку 90 куќи и други згради, а речиси 6.000 луѓе се евакуирани.

Засега нема информации за загинати или повредени. Министерството за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја соопшти дека властите ги истражуваат причините за пожарот, кој брзо се проширил поради силниот ветер и сувиот воздух.

Над 1.950 пожарникари и војници, поддржани од 51 хеликоптер и 273 возила се испратени во погодената област за да го стават под контрола пожарот. Официјалните лица не прецизираа кога се очекува пожарот да биде контролиран, пренесува Еспресо .