Таа собра храброст и проговори…

Британецот Томас Биби (43) брутално нападнал жена, мајка на две деца, откако жртвата го извела од својот дом за време на расправијата што следела ноќта во која заедно се опиле.

Во еден момент, мажот ја удрил жената со тупаница во главата, пред да ја удри со нога додека лежела на земја и предупредил дека нејзините деца ќе бидат мртви доколку на полицијата и каже нешто за нападот, пренесува Manchester Evening News.

Обвинителот Ендрју Хеј пред Судот за прекршоци во Престон изјави дека инцидентот се случил околу 8 часот наутро во Скелмерсдејл, недалеку од Виган.

– Таа одеше кон автобуската станица и тој ја удри во глава. Потоа ја фрлил зад бело комбе, ја клоцнал и ја плукнал во лице. Тој и рекол „ако пријавиш во полиција, твоите деца се мртви“ – изјави обвинителот.

Неговиот адвокат Сефтон Ли рече дека Биби и жртвата пиеле цела ноќ претходно.

– Тој заспа, а таа продолжи да пие. Се разбудил во 8 часот наутро и слушнал гласна музика на радио. Почнале да се расправаат, тој рекол дека си оди, отишол на автобуска станица и се случил овој инцидент – рече тој.

Во изјавата за нападот жената рече дека поради овој инцидент останала со последиците од вознемиреност, страдање од стрес и несоница.

Додала дека има болки во десното рамо и левото око, дека усната и е отечена, а има и модринки на десната страна.

Жената додала дека се исплашила поради искушението и дека не сака да биде во врска со него.