




Велислав Јованов потекнува од Велес. Заминал во војска само да не биде товар на семејството. Одлучил да се ожени, но, таа среќа нема да трае долго. Од тој брак има две деца, а кои денес не сакаат ниту да го погледнат својот татко. Цел живот се радува на туѓи деца место на своите. И покрај тешкиот живот, секогаш бил горд и достоинствен, и по цена и на својот живот, никогаш никому не сакал да се моли и поклонува.




Но, денес во седмата деценија од животот, живее под кирија во многу тешки услови. Бил често бркан од собата во која живее, дури и на минус 24 степени, само што не премрзнал и умрел. Нема можност да најде друг дом бидејќи живее со 4000 денари социјална помош. Се храни во народна менза, некогаш останува и со денови гладен, зашто нема што да зготви. Пере на раце сам, дрва нема, греалка пушта одвреме навреме зашто нема како да ја плати. Иако смета дека солзите не се својствени за маж, тој често се дружи со нив посебно навечер кога никој не го гледа.




За своето минато Велислав, ќе рече дека бил господин човек. И во младоста живеел тешко и морал да замине во војска за да не ги троши родителите, секогаш сакал да помага на другите, но, другите не биле дарежливи кон него. Млад одлучува да се ожени со Елизабета, со која ќе биде многу кратко заедно.




Таа го остава и со децата заминува во Германија, па, таа далечина ќе ги олади децата од родениот татко. Тие за жал ниту денес, кога Велислав е во ваква состојба не сакаат да го гледаат и да му помогнат, а вели, ниту досега сум барал милостина ниту отсега ќе барам такво нешто.




– Татко ми почина, па заминав во војска за да не бидам товар дома. Потоа се оженив, ама немав добар брак. Не се сложуваме и набрзо и се разведовме. Жена ми со децата замина во Германија, таа таму набрзо почина, а лошите зборови што за мене им ги кажувала на децата и ден денес се рефлектираат врз нашиот однос. Тие не ме сакаат и не сакаат да ме гледаат – започнува низ солзи да раскажува за својот живот чичко Велислав.




Веќе неколку години Велислав живее во куќа, каде порано чувал некоја жена и затоа му дозволиле да остане. Но, вели дека не му е сигурно, зашто неколку пати децата на таа жена, го бркале на улица. Дури една зима го избркале додека надвор температурата била минус 24 степени. Преспал надвор и да не бил некој човек да го спаси денес ќе беше заборавен. Со 4000 денари вели, ниту се живее, ниту се преживува. Па, затоа освен што овој човек здравствено не се чувствува добро, не е ниту сигурен дали утрешниот ден ќе може да го издржи и дочека.




Целата сторија можете да ја прочитате на Приказна.мк
Сите што сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на оваа жиро-сметка 210500002611677 или на овој телефонски број 075/873555
Автор Оливера Петрушевска
