Еден човек тврди дека има докази за вонземски живот, откако неговата ловечка камера снимила фигура со елипсовидна глава како поминува низ место инаку познато по чудни појави.

Страшната слика објавена од ловецот Доналд Бромли покажува како изгледа сив хуманоид кој се трка низ поле во руралната област Редгејт во Монтана, САД.

Бромли рекол дека на почетокот мислел дека е човек – но колку повеќе ја гледал сликата, толку повеќе се уверувал дека станува збор за нешто од вонземско потекло, пренесува „Сан“.

Инаку, камерата на Доналд е поставена во Редгејт во Монтана, место за кое фанатиците тврдат дека е вистинско жариште на натприродни искуства.

– Колку повеќе гледав, толку стануваше почудно. И сфатив дека се се поклопува со сликата на вонземјаните, поради обликот на главата и тоа што нема облека, всушност изгледа како проѕирно суштество – изјави тој за локалните медиуми.

Бромли тврди дека жителите на Редгејт претходно виделе навистина бизарни предмети кои се појавуваат и летаат на небото.

Меѓу мистериите што се случиле на овие простори е тоа што на локалните патишта се гасат автомобили без причина.