Професорот Дејан Трајковски, преку својот фејсбук профил реагира зошто нема поднесено ниту една оставка по страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади лица.
Тој прави споредба со Јапонија, како одговорните во надлежните институции би реагирале во таа држава.
„Ако во Јапонија се случеше пожар со толку многу жртви како кај нас во Кочани или во Тетово, половина од министрите, заедно со премиерот ќе извршеа харакири. Кај нас пак ниту еден заменик-министер не сака да си поднесе оставка, бидејќи тука не постои никакво чувство на совест, морал, пристојност и одговорост“, пишува на социјалната мрежа овој професор.
