Првото нешто што ќе го видите кажува најмногу за вас

Ова е само една од неколкуте илустрации од книгата „Психокнига“ од Вил Хобсон. Неговите тестови се применуваат во психологијата. Погледнете ја оваа илустрација и кажете ни што е првото нешто што го гледате во неа.

Ако сте виделе: Бубачката
Тогаш тоа е многу добар знак. Предодредени сте за успех. Освен што работите многу напорно, одлично се снаоѓате и во секоја можна ситуација. Кога планирате нешто, држете се до тоа додека не се исполни планот.

Ако сте виделе: Два пара колибри во лет Вашиот живот е вртелешка во која одново и одново се повторуваат истите сцени. И самите сте свесни дека треба да промените нешто за да може вашиот живот да тргне во друга насока.

Ако сте виделе: Брада, држач за четка или очила за сонце
Вие сте голем материјалист и ве интересираат само материјалните работи. Многу сте незадоволни од себе, а кога ви се чини дека не може да биде полошо, купувате нови работи за да избегате од вашиот живот.

Ако сте виделе: Вонземјанин со големи стапала, фигура во лет или жена во бикини
Колку и да сте зафатени и да немате време, сите имаат доверба во вас дека ќе ја завршите работата како што треба. Вие сте весела личност и кога се ќе заврши повторно сте опуштени и расположени за шега. Вие сте и пријателски настроени и ги држите пријателите многу блиску до себе.