Конзумирањето ореви е единствената навика после вежбање која е поврзана со здраво стареење.
Една рака ореви го продолжува животот на жените еднаш неделно, бидејќи го одржува телото поздраво, покажа новото истражување.




Научниците открија дека поздрави жени во доцните педесетти и почетокот на шеесеттите се оние кои консумираат јаткасти плодови барем еднаш неделно.По 65 -та година од животот, немале никакви ментални, физички или срцеви заболувања, ниту проблеми со меморијата.
Авторите на студијата ги искористиле резултатите од студијата на 33.931 жени. Конзумирањето ореви е единствената навика после вежбање која е поврзана со здраво стареење.




Не постои само една животна навика која ќе ги одржува постарите луѓе здрави, но кога имате неколку од овие помали, тие дефинитивно работат и помагаат – изјави д -р Франсин Гродштајн од Универзитетот Харвард.
Ореви
Во споредба со другите ореви, оревите содржат најголема количина омега-3 масни киселини. Само 30 грама ореви содржат 2,5 грама алфа-линоленска киселина (АЛА), полинезаситена маст која е неопходна во исхраната.




Оревите исто така содржат антиоксиданси, молекули способни за забавување и спречување на оксидација; така што со конзумирање храна со антиоксиданси можете да ги заштитите клетките од оштетување предизвикано од процесот на стареење.
