Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во синоќешното гостување во вестите на Телевизија 24, рече дека од антикризниот пакет кој изнесува 400 милиони евра, за мерката финансиска поддршка за примателите на гарантираната минимална помош по 1.000 денари

Во наредните три месеци, ќе бидат одвоени околу сто и десет милиони денари. Парите ќе ги добиваат на сметка.

„Оваа мерка значи дека 36.000 домаќинства во март, април и мај со исплатата на надоместокот во јуни ќе добијат дополнителни 1.000 денари или вкупно 3.000 денари повеќе во семејниот буџет.

Со овие средства дополнително им помагаме на примателите на гарантираната минимална помош, да ги ублажат последиците од кризата, бидејќи бидејќи ќе им помогнат при купувањето на основните прехранбени производи.

Ние како Владата овозможивме примателите на ГМП наместо да примаат по 1.000 денари само во грејната сезона, оваа помош сега да ја примаат 12 месеци, рече Тренчевска.

Министерката информираше дека со 400 милиони евра наменети за помош за граѓаните, буџетот останува стабилен, бидејќи во проекциите на владините мерки учествуваа сите министерства. Таа не ја исклучи можноста, доколку кризата се продлабочи, на владина седница, да се отвори прашањето за нови мерки, особено за помош на граѓаните од најранливата категорија.