




Ужива да танцува, плива, да креира и плете модерни и убави капи, и секако да ја заврши на време својата работа – 37 годишната Јулијана Петровска родена со Даунов Синдром и е пример за среќен човек кој кога сака да напрви и создаде нешто не се откажува и нема граница.




Светскиот ден на луѓето со Даунов Синдром Јуле го одбележува на своето работно место во печатницата „Дата Понс“ таа средува и пакува рекламни материјали. 15 години работи во оваа фирма и вели дека работа ја извршува навреме и ги сака многу колегите.




Јуле вели: „Може на прв поглед некој нема да ми верува дека можам да сработам, но откако ќе ме запознаат сите ме прифаќаат и знаат дека може да ми веруваат. Сите сме разилични по нешто, но затоа треба да ме запознаат прво.




Јуле освен што се натпреварува и сака да е добра на своето работно место, таа е учесник и во Специјалната олимпијада освои два сребрени медали на првиот светски шапионат во танц во Грац Австрија во Август 2021 година.
