Меѓународниот аеродром во Кабул денеска беше во целосен хаос, бидејќи очајните Авганистанци се обидоа да ја напуштат земјата со американски авиони што ги евакуираа луѓето од земјата.

На пистата беше можно да се види река од луѓе кои во паника трчаат за да си го спасат животот, при што загинаа три лица.

Политикологот Јан Бремер објави фотографија на која се гледа внатрешноста на американскиот транспортен авион во кој се сместени огромен број луѓе.

„Внатрешноста на американскиот авион што полета од Кабул“, напиша тој во описот на фотографијата.
Откако американската војска се повлече од Авганистан, ситуацијата во земјата почна нагло да се влошува, што кулминираше вчера откако Талибанците ја презедоа власта и претседателот избега. пренесува кликс