Според сегашниот Закон за заштита на животните, во Хрватска е забрането трчање животни врзани за моторно возило во движење.

Снимки и фотографии на кои се гледа како непознат маж од Бенковац врзува куче за трактор, а потоа го влече зад себе.

Љубителите на животни беа згрозени, а на социјалните мрежи кружеа шокантни фотографии и снимки, на кои се гледа како куче врзано за јаже трча по трактор. Во објава на Фејсбук се споменува дека тракторот се движел со брзина до 70 километри на час и дека кучето морало да трча многу брзо за да не се повреди.

Оваа тажна сцена е снимена во Карин Бенковац, Хрватска, а нехуманиот однос кон животните предизвика лавина коментари.

Според сегашниот Закон за заштита на животните во Хрватска, забрането е трчање животни врзани за моторно возило во движење. Многумина, исто така, го толкуваат ова како кршење на Кривичниот законик, бидејќи се работи за мачење животно.

Од локалната полициска станица за Jutarnji.hr изјавија дека биле информирани за случајот и дека истрагата е во тек.

Линк од видеото тука

 

(Телеграф.рс)