Британски хирург предупредува на опасноста од корнење влакна од носот!




Денес, влакната се сметаат за непожелни, особено кај жените, но мажите се повеќе одат на депилација на нозете, грбот, градите … Се е прашање на вкус, но влечењето на влакната од носот всушност може да биде опасно по живот!
Британскиот хирург д -р Каран Рајан, кој често објавува видеа на социјалните мрежи во кои ги руши заблудите или дава корисни совети за здравјето, сега објасни зошто не треба да ги вадите влакната од носот.




Имате два вида влакна во носот. Некои се микроскопски мали и го филтрираат секретот и го испраќаат назад во грлото, од каде што завршуваат во стомакот, и поголемите, кои сакате да ги извадите “.
Сепак, докторот ве советува да не ги вадите ни случајно, туку да ги скратите ако сакате да изгледаат поубаво.




„Овие влакна спречуваат големи честички да стигнат до задниот дел на носот. Ако ги извадите, бактериите можат да навлезат и да предизвикаат инфекција “, вели д -р Рајан.
Потоа покажува дека носот припаѓа на „опасен триаголник“, и дека тоа може да доведе до инфекција на носот.




„Истата вена што носи крв од носот доаѓа до вените што носат крв до мозокот. Затоа, ако бактериите завршат таму и стигнат до мозокот, може да се појави инфекција на мозокот, понекогаш дури и мозочен апсцес. „Тоа е многу ретко, но може да предизвика сериозни проблеми кај луѓе со послаб имунолошки систем“, предупреди тој.
