Кожно, делови од Нервно и Кардиологија повторно стануваат Ковид Центри. Дали ќе се повтори мартовската слика во Клинички кога немаше место за тешко болните? На Инфективна и во Институтот за ТБЦ веќе неколку дена нема слободни кревети.

Повеќе од половина од капацитетите се исполнети и во ГОБ 8 септември каде деновиве ќе пренаменат нов оддел за приеми на заразени. Во моментот во главниот град на болничко лекување има 369 пациенти. Вкупно во државата хоспитализирани се 1053 лица поради компликации од вирусот, а пролетта оваа бројка надмина 1700.

-Се надевам дека нема да го достигнеме оној врв , што го имавме оваа пролет, меѓутоа верувам дека во овој момент не може со точно да се каже дали сме го достигнале врвот и уште колку пациенти ќе дојдат во интерните клиники, изјави за Сител проф.д-р Дејан Докиќ, координатор на Ковид центрите во Клиничкиот центар.

За разлика од претходните бранови, сега многу помлади завршуваат во болница. Речиси сите хоспитализирани се на кислородна поддршка поради ниска сатурација.
-Сега се гледаат и пациенти на 30 и 40 години, за разлика од претходните бранови кога ваквите пациенти беа навистина ретки.

Во однос на клиничката слика таа е доста слична, разликата е што сега имаме помалку затнување на носот со губење на мирис и вкус, но доминираат кашлицата и пациенти со температура 37.5, значи класична вирусна симптоматологија, вели професорот Докиќ.

Според професорот Докиќ најголем дел од хоспитализираните пациенти поради компликации од Ковид се со претходни коморбидитети меѓу кои доминираат високиот притисок, дијабетесот, кардиоваскуларни, онколошко-хематолошки и бубрежни заболувања.

Граѓаните кои на време доаѓаат за хоспитализација имаат многу повеќе шанси да го победат вирусот, вели проф. д-р Дејан Докиќ во изјава за Канал 5.

„Кај некои пациенти од се уште непознати причини настанува цитокисна бура, каде што имуниот одговор е преголем, неадекватен, несоодветен, и кај тие пациенти се користат други антиинфламаторни лекови, кортикостероиди пред се.

Многу е важно да се дојде навреме на лекар. Станува збор за оние случаи кои гледаме дека имаат висока температура, каде што состојбата се влошува, да не се чека да поминат денови, туку веднаш да се јават во тријажните центри, каде што лекари ќе проценат дали лицето е за хоспитализација или не.

Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација, навременото доаѓање на лекар тоа може да превенира смрт“, рече Докиќ.

На прашањето за ефектот на вакцините, со оглед што почи нуваат и вакцинирани граѓани, тој рече дека се уште вакцината во светски рамки се смета дека е средство со кои се превенираат смртни случаи и тешки слики.
„Да, има см ртност од 10 до 11 отсто, но тоа е минорно, ризикот е мноу поголем кај невакцинираните“, нагласи Докиќ.