Тестирањето беше спроведено со три вакцини против грип и вакцина против ковид 19 произведена од Фајзер и Бионтек или АстраЗенека.




Безбедно е да се примаат вакцината против ковид -19 и вакцината против грип во исто време, и тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор што го предизвикуваат, покажа британска студија.




Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, покажа дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени, во испитување спроведено со три вакцини против грип и вакцина против Ковид 19 произведена од Фајзер / Бионтек или АстраЗенека, пренесува Ројтерс.




Истражувањето опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс.
