Едно лице може да има притисок од 220 на 120 додека лежи или седи. Но кога ќе стане ќе има 120 на 70

Постојат две причини за оваа појава – едната е сосема неочекувана и има врска со положбата на телото при мерењето, а другата е последица на тешки хронични заболувања.

Според кардиолозите, вредностите на крвниот притисок може да варираат кога стоите или легнете.

„Човек може да има притисок од 220 со 120 додека лежи или седи. Но, кога ќе стане, ќе има притисок од 120 со 70“, објасни Еплтон.

Кардиологот нагласи и дека тоа е типично за лицата со проширени вени, како и за постарите и дијабетичарите. Во такви случаи, притисокот мора да се мери во различни позиции.

„Ова е веќе сигнал дека треба да се грижите за вашето здравје и да ги преиспитате вашите навики“, предупредува кардиологот.

„Тогаш е добро да вклучите аеробни вежби во вашата рутина, да ја намалите тежината, да ја промените исхраната, строго да го ограничите внесот на сол и да се консултирате со лекар и дали е потребно воведување терапија.

Кардиологот предупреди и на ризик од сам прекин на терапијата. Всушност, ако престанете да земате лекови кои го намалуваат крвниот притисок, тој речиси секогаш повторно ќе скокне многу брзо. Ова може да се случи дури и по 20 години од земање лекови.