Во Штутгарт се појави нов сообраќаен знак, кој најпрво би можел да ги збуни сите оние кои не се навикнати на тоа, но всушност е забрана за претекнување на велосипедисти и мотоциклисти.

Што е уште еден потсетник дека работите се менуваат и дека се повеќе простор во градовите се посветува на велосипедистите.

Бидејќи ширината на сообраќајната лента варира на таа улица, возилата не можат да го задржат минималното странично растојание од велосипедистите од 1,5 метри.

Велосипедските и автомобилските патеки се одвоени со испрекината линија, која сè уште не дозволува слободно поминување на автомобилите бидејќи е невозможно да се постигне минимум 1,5 метар странично растојание (при претекнување), како што налага законот.

Сите оние кои нема да ги почитуваат прописите би можеле да платат казна од 70 евра.

Во пракса, овој знак значи дека возачите на моторни возила ќе мора да возат зад велосипедисти.