Утрото со мраз, најниски температури на места до – 9

На подрачјето на Македонија утрово е многу студено со температури на повеќето места од -17 до -6 °C, на планините и околу -20 °C. Максимална температура од -4 до 2°С, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во среда на 26 јануари, а од четврток на 27 и во останатите делови слабеење на утринските мразови и постепен пораст на дневните температури.

Временска прогноза за наредните денови

Променливо и целосно облачно, повремено со снег и температура во рамките на просечната за крајот од јануари.

Утрото со мраз, најниските температури на места до – 9, највисоките дневни со постепен пораст.

Слаби врнежи се очекуваат и во наредните денови, во ридско-планинските предели повремено со слаб снег, во пониските со врнежи од дожд и лапавица.

РХМЗ препорачува без потреба да не се излегува од дома.