Ви пренесуваме ФБ Статус од Божидар Божиновски кој е доста популарен по социјалните мрежи.




Ембла е вратена каде што припаѓа, во школските клупи, со другарчињата кои, да се надеваме не научиле многу од родителите за дискриминација и ќе ја прифатат онаква каква што е – една од нив.




Случајот ме потсети на Тимјаник, село во неготинско, во кое се протестираше против отварање на дом за деца со атипичен развој. И покрај протестите домот се отвори. Во репортажа после една години од отварање на домот сликата беше сосема поинаква.




Жителите на Тимјаник често одеа кај децата во домот, нивните деца се дружеле со децата од домот, си оделе на родендени, се засакале…




Предрасудите можат да се урнат само ако имаме шанса да се запознаеме едни со други.

