Според Salzburg24.at, двајца српски државјани, мајка (54) и ќерка (37) се уапсени во Виена бидејќи претепале и ограбиле девојка (34), инаку сегашен партнер на поранешниот сопруг на осомничената помлада Србинка. , пренесува Мондо.




Наводно непријатна средба се случила на улица, кога мајка и ќерка налетале на несреќна Австријка. Шокираните работници во супермаркет успеале да ги раздвојат жените и да ги задржат додека не дојде полицијата. Инцидентот се случил во средата наутро.




Почнале да се расправаат на улица, а потоа влегле во супермаркетот каде ескалирал конфликтот. Мајка и ќерка ја собориле несреќната жена на под и почнале брутално да ја тепаат“, пренесува овој портал и додава:




– Мајката постојано ја убедуваше својата ќерка да украде скапоцености од нејзината соперничка, доколку се укаже прилика. На жената немало потреба двапати да и се каже, таа и ги украла работите – велат тие.




Како што објасни портпаролот на виенската полиција, Кристофер Верхњак, жените се уапсени и им е забрането да и се приближуваат на жртвата.
