Александар Вучиќ (5 март 1970 во Белград) — српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија.

Вучиќ пред ова бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија.

Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија.

На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

На дебата што се одржа на провладината ТВ Прва, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво се уште се необезбедени.