Сончево и топло време не очекува во наредните денови, според најновата временска прогноза.

Утре во поголемиот дел од Македонија ќе биде претежно сончево , само на југот од земјата се очекува променливо облачно. Максималната дневна температура која не очекува ќе се искачи до 16 степени.

Во текот на ноќта кон среда од север и запад од земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Од среда на северот од земјава суво со постепено разведрување. Во останатите делови од земјава претежно облачно и со врнежи од дожд. Попладне ќе има прекин на врнежите, а во вечерните часови постепено разведрување. Најниската температура од 1 степен, а највисоката до 15 степени.

Во четврток умерено до целосно облачно, на север и североисток со слаб дожд.

Најниската температура од 1 до 8 степени, највисоката дневна до 16 степени.