Оние кои велат дека народот ни е глуп и шутрачки треба да поразговараат со оној сиромав млад човек пред Веро 2, кој ги собира празните колички. Ме запре за да ми ја објасни ситуацијата во МК:

Македонија е лозје. Знаете кој управува со лозјето, нели? Влада, парламент, политичарите. Секоја година собираат плод ама народот не добива ништо.

Тие му велат, стрпете се уште малку , ќе направиме вино и ракија , ќе продаваме и ќе ви биде добро. Но, ништо од бербата! Газдиве на крај и лозјето го продале.

Простете, професорке, што ве задржав и допрев во срцето. Само сакав да ви кажам дека се’ е џабе…

И навистина, ме допре и солзи ми на дојдоа кога го гледав како со сведната глава заминува туркајќи ја количката…