Метеоролошката служба Аку ведер објави долгорочна пролетна прогноза за цела Европа.




Многу суво време, сонце и топлина се очекуваат од Пиринејскиот Полуостров до делови од Франција, Италија и на Балканот.
Метеоролошката пролет, која започнува во вторник, на 1 март, и астрономската пролет во недела, на 20 март, можеби нема да направи значителна разлика во временскиот распоред низ Европа во споредба со зимските месеци, кои се карактеризираа со чести бури на север и продолжени врнежливи периоди на запад и централните делови на континентот.




Северна Европа
Во текот на зимата има активни врнежи во северна Европа, а синоптичарите очекуваат трендот да продолжи и во текот на пролетта.




– Се очекува високиот притисок над Западна и Централна Европа да го одврати огромното мнозинство бури од јужниот дел на континентот и да ги насочи понатаму кон север – најавуваат метеоролозите.
Областите од Северна Ирска до Шкотска и балтичките држави ќе се соочат со натпросечни врнежи од дожд, што е добра вест за некои, имајќи предвид дека, на пример, Обединетото Кралство го доживеа деветтиот најсушен јануари од 1862 година.




Невремето во северна Европа се очекува да донесе претежно дожд, а ветровите нема да предизвикаат голема штета, велат синоптичарите.
Загрижува сушата во Шпанија и Португалија
Изобилство суво време, сонце и топлина се очекува од Пиринејскиот Полуостров до делови од Франција, Италија и на Балканот. Иако времето ќе биде идеално за сите кои бараат топла пролет, метеоролозите на AccuWeather истакнуваат дека постои значителна загриженост за можна суша во овие области.




Мраз во мај
Балканот ќе биде уште едно подрачје кое може да биде погодено од силни грмотевици кон крајот на пролетта.
Опасноста од невреме во оваа област најверојатно ќе се зголеми во мај, бидејќи студениот воздух над Украина се судри со благи услови на запад, забележуваат синоптичарите.




Во тоа време метеоролозите на AccuWeather очекуваат постудено време, што може да доведе до мраз во делови од Балканот.
