Слични промени на кожата може да настанат поради алергиска реакција, но и лоша хигиена.




Д-р Дејан Јонев, педијатар во Здравствениот дом Чукарица вели дека вирусниот осип се појавува на стапалата, рацете, торзото, лицето и вратот.
Како да препознаете дали се работи за инфекција или алергија?




Во детството, промените на кожата често се резултат на алергиска реакција. Најчесто станува збор за алергија на храна вели д-р Јонев.
Донекаде е сличен на осип, може да се појави на сите делови од телото, промените спонтано да се повлечат од едниот и да избијат во друг. Единствената терапија е исклучување на одредена храна од исхраната.




Како да разликувате алергија?
Покрај осип, д-р напоменува дека треба да се посомневаме и на алергии кај децата кога носот им течи и чеша, пецкање во очи, сува и иритирачка кашлица, но и продолжена продуктивна кашлица, пецкање околу устата, црвенило и чешање, нарушување на спиењето и отежнато дишење.




Кога исипот на телото на детето е дамчест, жолтеникав и видлив на сите делови, предоминантно на телото, се работи за промени на кожата поради нехигиена.
-Денес е доста ретко, но се случува – вели д-р Јонев. Стафилококните бактерии кои природно се наоѓаат на кожата се размножуваат, па ако детето гребе може да настане поголем проблем.




Во секој случај, сапунот и водата, како и антибиотските креми го решаваат овој здравствен проблем.
