Мира Бизимоска потекнува од Ореше. Се омажила во Велес, но, тој избор подоцна ќе се испостави дека и не е баш добар.

Со него има три деца. Откако сите ќе ги изведе на пат сите и го вртат грбот. Ја оставаат сама и беспомошна.

Лошите услови на живот, тагата и осаменоста, ќе направат оваа жена ниту нервно, ниту психифизички да не биде добра. Најчесто е гладна. Има ситуации кога со денови не јаде ништо.

Стомакот и гладта ги залажува со длабок сон, покриена преку глава со многу ќебиња, зашто само така патува во некои поубави и потопли места.

Целата сторија ќе може да ја погледнете во најновата епизода на СрцеНаДланка, недела, во 15:45 часот на АлфаТВ.

Дел од видеото можете да го погледнете тука