Од Лекарската комора посочуваат дека повисоките дози на јод во организмот можат да предизвикаат различни нарушувања на функцијата на штитната жлезда – хипотироидизам, хипертироидизам или блокада на тироидната жлезда, а може да предизвикаат и тешки алергиски реакции.

Поради руските закани со нуклеарно оружје, во Регионор има зголемена побарувачка за набавка на таблети калиум јодид.

Хрватската лекарска комора ги предупредува хрватските граѓани дека овие таблети се издаваат само на рецепт, дека е опасно граѓаните сами да ги даваат и дозираат и дека во моментов нема здравствена потреба да ги земаат. Имено, таблетите со јод можат да предизвикаат опасни несакани ефекти, а во случај на нуклеарен инцидент, тие не се лек кој се користи за целата популација.

Од Лекарската комора посочуваат дека повисоките дози на јод во организмот може да предизвикаат разни нарушувања на штитната жлезда – хипотироидизам, хипертироидизам или блокада на тироидната жлезда, а може да предизвикаат и тешки алергиски реакции.

Според протоколите на Светската здравствена организација, во случај на нуклеарен инцидент, калиум јодид се дава на населението во радиус од 15 или 20 километри од самиот инцидент, во многу високи единечни дози.

Овие таблети потоа, заситувајќи ја тироидната жлезда со јод, го спречуваат внесувањето на радиоактивен јод во неа. Таблетите се даваат специјално на деца, трудници и на оние помлади од 40 години по инцидентот, бидејќи во тој случај постои зголемен ризик од развој на рак на тироидната жлезда.

Затоа е важно да се осигура дека, во овој случај, најранливите групи (бремени жени и деца под 18 години и популација под 40 години) добиваат доза на стабилен јод на однапред одредени точки.

Во однос на додатоците во исхраната кои содржат мали, нутритивни дози на јод (под 1 милиграм), кои може да се купат без рецепт во аптеките, од Комората нагласуваат дека нивното консумирање пред вакви инциденти е сосема бесмислено и бескорисно.