По кратка расправија руски војници го напуштиле дворот.

Додека војната на истокот се уште трае, американската амбасада од Киев на социјалната мрежа Твитер објави видео од необичната ситуација, кое го снимила надзорната камера на една куќа.

Имено, на видеото се гледа постар брачен пар од Украина кој истерува руски војници од својот двор. Така барем тврди американската амбасада од Киев која го објави ова видео.

Денеска ја поздравуваме оваа постара брачна двојка која се спротивстави на тројца руски војници – наведоа во објавувањето на видеото со ознака украински херои.

На видеото се гледа како тројца војници доаѓаат до оградата, ја отвораат вратата и влегуваат во дворот од куќата.

Набргу потоа се случи пресврт кој ги шокираше сите. Имено, две лица излегуваат од куќата и им викаат и гестикулираат.

По кратка расправија, руските војници го напуштаат д

ворот. Медиумите пишуваат дека куќата се наоѓа во населбата Николаев.