Првиот човек на државата претседателот Стево Пендаровски објави фотографија од радоста на Македонија и заедно со неа напиша „Подготви се Кристијано, ти си следен!“.

„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник.

На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“, напиша Пендаровски.