Грчките синџири на супермаркети соопштија дека го ограничиле и онлајн нарачката на оваа храна оваа недела

Супермаркетите во Грција соопштија дека ограничуваат колку брашно и сончогледово масло можат да земаат клиентите, истакнувајќи дека тоа го прават како мерка на претпазливост по зголемената побарувачка и стравувањата од залихите по војната во Украина.

По слични мерки во Шпанија и Италија, грчките синџири на супермаркети објавија дека го ограничиле и онлајн нарачката на брашно и сончогледово масло оваа недела.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Сотирис Анагностопулос рече дека побарувачката за некои производи се зголемила тројно во последните недели и дека клиентите трупаат залихи.