




Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби денеска пристигнаа во авионот на македонските репрезентативци и им посакаа среќа на претстојниот натпревар со Португалија.




Премиерот најави и голема премија за фудбалерите доколку тие ја однесат победата над Португалија.




„Шампиони, вие сте за нас секако победници и гордост на сите нас. Веруваме во вас, и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што може да направиме е да издвоиме за вас награда од 500.000 евра ако се пласирате на Светско првенство“, изјави Ковачевски.




Фудбалерите денеска заминаа за Порто каде во вторник на стадионот Драгао ќе излезат на терен за победа, која за првпат ќе не одведе на Светското првенство кое годинава се игра во Катар.
