НАТО никогаш не бил пообединет како денес, рече Бајден.




Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по самитот на Г7 изјави дека планира да воведе нови санкции за 400 поединци и ентитети.




Запрашан да ја коментира заканата од хемиско и нуклеарно оружје, Бајден рече дека САД ќе одговорат доколку Путин се реши на таков чекор.




Природата на нашиот одговор ќе зависи од природата на употребата на оружјето. НАТО никогаш не бил пообединет од денес – рече тој.




Американскиот претседател изјави дека неговата земја е подготвена да прими 100.000 украински бегалци.




Бајден тогаш рече дека верува оти Русија треба да биде исфрлена од Г20.
