Американските власти очекуваат цената на храната и енергетските ресурси во САД да пораснат поради ситуацијата во Украина, изјави директорката на Советот на економски советници на Белата куќа, Сесилија Роуз.

– Очекуваме дека тоа ќе создаде дополнителен притисок врз цените во текот на следната година – рече Роуз.

Според неа, настаните во Украина „најверојатно ќе станат фактор за покачување на цените на енергијата и храната“.

Таа, исто така, додаде дека „ова, пак, може да ја зголеми инфлацијата“.