Првата дама на Украина Олена Зеленска откри дека последен пат го видела сопругот кога започнала војната во Украина.
Во интервју за Вог, таа проговори и за агонијата низ која минуваат Украинците.




Како што раскажа, на првиот ден од руската инвазија ја разбудила врева помеѓу 4 и 5 часот наутро, а набрзо дознала дека се работи за експлозии.




Тогаш последен пат го виделе сопругот во одело, вели таа. После тоа се пресоблекол во војничка облека, која ја носи и денес.




Неговата канцеларија набрзо станала место за средба на воената команда, а Зеленски се разделил од семејството. Оттогаш тој и неговата сопруга разговарале само по телефон.




На прашањето што им рекла на деветгодишниот син и 17-годишната ќерка, таа рече:




„На децата не треба ништо да им се објаснува. Тие гледаат сè, како и секое дете во Украина. Секако, тоа не е нешто што деца треба да го гледаат – но децата се многу искрени. Не можете ништо да сокриете од нив“.
