




Инфлацијата во Германија во текот на годината ќе биде на ниво од 7-8 отсто, изјави потпретседателот на Дојче банк, Карл фон Рор.




Банката предвидува дека доколку се воведат ограничувања за рускиот енергенс, зголемувањето на цените би можело да надмине 10%.




„Треба да се подготвиме за стапки на инфлација кои не се забележани од 1970-тите“, изјави потпретседателот на Deutsch Bank за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.




Европската унија разговара за воведување санкции против рускиот енергетски сектор, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Со петтиот пакет санкции, Европската унија воведе ембарго на рускиот јаглен.
