Овој трик ќе ви помогне да го исчистите одводот: За само неколку секунди проблемот ќе биде решен, а еве што ви е потребно!

Овој трик може да се употреби и во купатило, но одводот во мијалниците почесто се затнува поради остаток од храна и маснотии.

Затоа, кога цела техника ќе затаи, испробајте го овој многу едноставен трик.

Во пластично шише истурете малку оцет, а потоа додадете сода бикарбона. Секако внимавајте тоа да го направите над одводот кој мора да се одзатне.

Кога ќе ја додадете содата, во допир со оцетот таа ќе почне да пени и тогаш брзо превртете го наопаку отворот на шишето и ставете го на отворот на одводот. Мешавината од сода и оцет ќе го ‘прочисти’ одводот за само неколку секунди.