Девојката забележала дека ѝ гори чантата, а пожарот настанал од загреано копче Британката Ева Бакчо уживала на одморот на Крит каде се релаксирала покрај базенот кога наеднаш почувствувала непријатен мирис. Имено, таа почувствувала мирис на чад, а кога се свртела да земе вода од нејзината чанта која лежела на подот, сфатила дека токму чантата се запалила.

Нејзиното видео на TikTok е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати, а 21-годишната девојка тврди дека пожарот бил предизвикан од екстремна топлина што го загревала металното копче на чантата толку жешко што ја запалило ткаенината.

Чантата ја купив во Примарк во април, не се сеќавам точно колку чинеше, помеѓу 12 и 14 фунти. Ставив шише вода во чантата, но не го ставив во сенка, туку на сонце. Кога се свртев бидејќи бев жедна, видов дека чантата гори – изјавила Ева.

Иако таа смета дека металното копче е причина за пожарот, многумина коментираат дека шишето со вода делувало како леќа и како лупа го предизвикало пожарот.

Секоја палета на производи на Примарк е независно тестирана за да се осигура дека се исполнети релевантните стандарди за безбедност и квалитет. Бевме изненадени кога слушнавме за ова и не сме имале други пријавени случаи, но ако клиентот ни ја врати торбата, со задоволство ќе го истражиме ова дополнително за да разбереме што можело да се случи – рекоа во Примарк каде што е купена торбата.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА