Силно невреме вчера ја зафати Словенија, при што беа повредени неколку лица.




Во Љубљана дуваше ветер со брзина од 100 километри на час.




На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како покривот паднал на земја.




На една од станбените згради во центарот на Крањ, во близина на главната автобуска станица, силен ветер го урнал покривот, јавува 24ур.




Пожарникарите излегле на 23 интервенции, а нивниот командант Роберт Окрон изјави дека сите пожарникари од Љубљана се на терен.
