„Макпетрол“ АД. – Скопје, има потреба да вработи 3 кандидати на следните слободни позиции:




Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува




За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување), во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место виш стручен соработник во Сектор за план и анализа во Дирекцијата за финансии.




Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо стручно образование;
- Претходно работно искуство од 3 години;
- Познавање на методи и алатки за планирање и анализа на финансиски податоци;
- Напредно познавање на Microsoft Office, a особено Microsoft Excel;
- Познавање на Power Bi ќе се смета за предност;
- Генерално познавање на сметководствени принципи и релевантна даночна регулатива;
- Генерално познавање на нафтената индустрија;
- Способност за брзо учење;
- Развиени аналитички способности.








Работното време за горенаведеното работно место, е од 08:00 часот до 16:00 часот. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок. Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 36.000 денари.




Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Линк од огласот ТУКА.
