Министерот за надворешни работи Бујар Османи во најавената емисија „КликПлус“ на ТВ21 порача дека дури и во СДСМ има такви на кои им пречи тоа што Албенците, како што вели, сега се рамноправни, но дека не го искажуваат тоа.
– Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им смета рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција. . Не не! Албанците го кршат економскиот монопол. Да не ви смета тоа што Албанците нема да продолжат да ви дозволуваат да имате стопроцентен економски монопол на македонските компании, додека Албанците се на страна. Кога Албанците земаат акции во економијата на државата, велат ДУИ прави корупција, рече Османи.
Министерот ова го кажа во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски дека бараат техничкиот премиер Албанец да не доаѓа од редовите на ДУИ, затоа што ова партија, според нив, е премногу корумпирана.
