Пренесуваме ФБ статус од Марјан Ристески.

Во домот на културата “Марко Цепенков”, којшто треба да биде прибежиште на младите прилепчани со бројни културни манифестации, бизнис средби со стопанственици од градов, со потенцијални идни инвеститори во Прилеп (како што беше во минатото примерот на средби на младите од градов и околината со инвеститорите: Гентерм, ВИК, Акомпласт и др.…)

Денес, за жал просториите се преполни со работоспособни кадри од градот кои чекаат на ред кај работодавци од Словенија…

Ехххх жален Прилеп што ти се случува

П.С. А, замислете некој на ангро дава изјави, ќе носел работна сила во градов од Сирија, Авганистан, Бурунди, Бутан, Африка… а пред нос им ги земаат младите
Земете чукнете си ја малку главата, а не со комични изјави, разни фризури и брендиран аутфит да правите стендап комедии.

И самите знаете дека младите се задржуваат со повисоки плати и добра локална стратегија и никако поинаку.